[fblike]

 

„Учење англиски јазик преку драма и игри“ е Еразмус и Етвининг проект. Во проектот учествуваат училишта од Романија (координатор на проектот), Турција (две училишта), Португалија, Литванија и Македенија.

Проектот започна во септември 2020 година и ќе трае до јуни 2021 година  – Етвининг проектот, односно до август 2022 година – Еразмус проектот. Во рамките на проектот учениците ќе изработуваат постери и логоа и ќе се гласа за најдобриот постер и најдоброто лого. Ќе ги одбележиме „Деновите на Еразмус“ со соодветни активности.

Во Етвининг проектот се опфатени три теми – Претставување, Спорт и Филмови. Учениците ќе имаат различни активности и ќе креираат игри и видеа поврзани со овие теми. Како конечен резултат учениците ќе напишат заедничка приказна и ќе снимаат видео за приказната.

Еразмус+ проектот ќе се базира на 2 главни активности – креирање игри и креирање драми.

Во активностите кои вклучуваат креирање игри, секое училиште ќе создава најмалку по 2 игри секој месец поврзани со темите кои се дадени за тој наставен месец. Ќе се креираат вкупно 192 игри.

Во активностите кои вклучуваат креирање драми учениците заедно ќе пишуаваат сценарија за драми и ќе учествуваат во изведбата на овие драми. Вкупно 6 драми ќе бидат креирани како резултат на тимска работа.

Исто така ќе бидат креирани Фејсбук и Инстаграм страни, веб-страна, Етвининг проект и Јутјуб канал.

 

https://www.creativedramaandgames.com/
https://twinspace.etwinning.net/121423/home
https://www.facebook.com/Creative-Drama-Erasmus-106612537840343/
https://www.facebook.com/Creative-Drama-Erasmus-106612537840343/
https://www.creativedramaandgames.com/

[fblike]

Напишете коментар