[fblike]
Л И Т Е Р А Т У Р Е Н
К О Н К У Р С
за деца и млади
Здружението на граѓани „Невена за тебе, за мене, за нас“
во соработка со Сојузот за грижи и воспитување на децата на Македонија и „Просветно дело“
по третпат ја реализираат поетската манифестација
„ ПРОЛЕТ НА СРЕБРЕНИТЕ СОНИШТА“
За таа цел се распишува поетски конкурс за деца и млади
на тема:
„ Пролетните сребрени соништа сонуваат во есен“
Право на учество имаат:
– ученици од IV до IX одделение во основното образование и
– ученици од I и IV година во средното образование.
Поетските творби треба да бидат испратени најдоцна до 20.11. 2020 година
на следнава е- маил адреса:
со назнака за: Поетската манифестација „ Пролет на сребрените соништа “ 2020.
Драги ученици, можете да пишувате за љубовта, вербата, надежта и мотивацијата која во себе ја носи вашата младоста, визијата која тлее во секој од вас кога сонувате со отворени очи за свет во кој природата буди чувства чисти како солза, а душата ви е богата како најголемото азно на нашата цивилизација. Вие тоа го можете! Вашите ментори се тука за вас.
Комисијата по прегледувањето на пристигнатите поетски творби, резултатите ќе ги објави најдоцна до 30.11.2020 година на својата официјална ФБ страница – Поетската манифестација „ Пролет на сребрените соништа “ .
.
Покрај поетската творба задолжително треба да се наведе и достави:
– име и презиме на ученикот- ученичката,
– име и презиме на менторот,
– училиште и место и
– електорнска адреса и телефонски број за контакт:
Со почит,
Организациски одбор на Манифестацијата
Претседател,
Здравкоска Гордана
[fblike]

Напишете коментар