[fblike]

Наставник: Даниел Тодоровски

ЕСЕНСКИ ЛИКОВЕН И ФОТО КОНКУРС
19 октомври 2020
„Есенскиот ликовен и фото конкурс“ е ликовен и фото конкурс кој е отворен за сите генерации. Конкурсот ќе биде организиран преку Фејсбук и Инстаграм профилите на Институтот за култура и уметност при Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“.

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО

  • Конкурсот се спроведува преку Фејсбук и Инстаграм профилите на Институтот за култура при Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“.
  • Делата кои се изработуваат треба да се инспирирани од годишното време есен.
  • Учесниците можат да учествуваат со фотографии, колажи од фотографии или трудови направени на секој вид хартија, картон и сл, и во било која техника (акварел, гваш, боички, пастел итн.).
  • Секој учесник може да учествува на конкурсот со едно дело.
  • Дозволено е учество на сите генерации.
  • Дела кои веќе учествувале на други конкурси не се дозволени.
  • Делата треба да бидат со добар квалитет и висока резолуција.
КАКО ДА УЧЕСТВУВАТЕ
  1. Учесниците ги испраќаат нивните дела како фотографии на [email protected] заедно со име и презиме на авторот, возраст, адреса на живеење, населено место и телефонски број.
  2. Потоа, ние ги објавуваме делата на Инстаграм и Фејсбук профилите на Институтот за култура и уметност при Меѓународен Славјански Универзитет.
КРИТЕРИУМИ
Жирито ќе ги оценува делата според следните критериуми:
  • соодветност на темата – 50%
  • техника на реализирање на делото – 20%
  • оригинална идеја и креативност – 30%
За оценување на делата ќе се формира стручно жири кое ќе прогласи тројца победници.
Жирито го задржува правото да дисквалификува дела за кои смета дека се неоригинални или плагијати.
НАГРАДИ
Ќе бидат селектирани тројца победници кои ќе добијат:
  • 1 место – златна плакета + таблет
  • 2 место – сребрена плакета + комплет за сликање со платно
  • 3 место – плакета + комплет за сликање
ВРЕМЕТРАЕЊЕ
Конкурсот започнува на 19 октомври и трае до 30 ноември. Виртуелна изложба и објавување на резултатите ќе се одржи на 15 декември од 12:00 часот.
[fblike]

Напишете коментар