0Shares

Нашето училиште во август, 2021 година го заврши Еразмус+ проект „ГЛАСОВИ“ во кој учествуваа уште четири (4) партнер училишта од Полска, Германија, Чешка и Словачка. Во овој проект, кој траеше три години, ученици од овие партнерски училишта соработуваа заедно и креираа пет (5) броја на онлајн списание, а покрај ова, беше креирана и веб страна на проектот, на кој се објавени списанијата, фотографии, видеа од мобилностите и други проектни резултати.

Секој број од списанието имаше различна тема, а учениците сами ги бираа конкретните теми што ги истражуваа и за кои пишуваа прилози. Во продолжение можете да ги погледнете овие списанија.

Меѓутоа, соработката со партнер училиштата продолжи и после официјалниот крај на проектот. Имено, во текот на септември и октомври, беше креиран уште еден број на ова списание, овој пат посветено на Европскиот ден на јазиците, кој се одбележува на 26 септември, секоја година.

Преку овој проект, учениците ги развија нивните дигитални вештини, го усовршија нивниот англиски јазик и научија за други култури и традиции. Се надеваме дека нашата убава соработка ќе продолжи и во иднина а можеби и во други заеднички проекти.

Официјална веб страна: https://erasmusonline.wixsite.com/official

Специјален број на списанието „ГЛАСОВИ“: https://viewer.joomag.com/october-2021/0791378001631726732?short&fbclid=IwAR3PgZIFaKhBgVog3l_SbdaHzjBAjpbBslUW3oPENeTY2n4U4YYpUiMhtd8

 

Симни овде (линкови):

Линк 1

Линк 2

„ГЛАСОВИ“ бр. 1 „Културно наследство“ (пдф)

1. Issue no.1 (Poland) | ErasmusVoices

„ГЛАСОВИ“ бр. 2 „Современа технологија“ (пдф)

2.https://erasmusonline.wixsite.com/official/issue-2

„ГЛАСОВИ“ бр. 3 „Меѓучовечки односи“ (пдф)

3. https://erasmusonline.wixsite.com/official/issue-3

„ГЛАСОВИ“ бр. 4 „Мода“ (пдф)

4. https://erasmusonline.wixsite.com/official/issue-4

„ГЛАСОВИ“ бр. 5 „Зачувување на животната средина“ (пдф)

5. Issue no.5 (Macedonia) | ErasmusVoices

 

Коментари

Leave a Reply