[fblike]

По повод Еразмус денови на 14 октомври 2021 се одржа онлајн средба со учениците и наставниците преку проектот “Учење англиски јазик преку драма и игри”.

На средбата учествуваа наставници и ученици од сите партнер училишта кои учествуваат во проектот – Македонија, Романија, Турција, Португалија и Литванија. Средбата беше посветена на Еразмус деновите и Еразмус проектите и што тие претставуваат за учениците и какво значење имаат за нив.

На почетокот на средбата учениците меѓусебно се запознаа и потоа секој ученик го претстави новото другарче (секој ученик кажа што запомтил за новото другарче). Потоа на учениците им беа презентирани видеа во врска со Еразмус програмата. После тоа учениците одговараа на прашања во апликацијата Ментиметар и постираа слики и споделуваа искуства од претходни искуства во Еразмус+ проекти преку апликацијата Падлет. На крајот на средбата учениците играа квиз на платформата Кахут.

Организатори на оваа онлајн средба беа наставничките од нашето училиште Наташа Иванова и Мирјана Манева-Арсовска кои се и координатори на проектот.

 

[fblike]

Напишете коментар