[fblike]

Денес, 15 октомври, во нашето училиште се одбележаа Еразмус деновите. На настанот беа присутни учениците од нашето училиште кои учествуваат во Еразмус и еТвининг проекти, како и ученици кои во иднина би сакале да земат учество во вакви интернационални проекти.

За време на настанот, беше изгледано видео креирано од последната Еразмус мобилност во која нашето училиште беше домаќин (проект „Биди Безбеден“- 27 септември-  01 октомври, 2021 год.), а учениците кои учествуваа можеа да споделат за нивните искуства.

Исто така, беа доделени еТвининг сертификати за еТвининг проектите „Обединети еднорози се обединуваат“ и „Иднината е сега“, кои добија национална ознака за квалитет.

Настанот го организираа наставничките Кристина Цонкинска, Наташа Иванова и Мирјана Манева- Арсовска, кои се координатори на Еразмус+ и еТвининг проектите во ООУ „Кочо Рацин“-Кратово.

[fblike]

Напишете коментар