[fblike]

Почитувани ученици и ментори , СУГС,,Димитар Влахов”-Скопје распишува

НАГРАДЕН КОНКУРС за изработка на креативно дело во областа графички дизајн.

Во нашето училиште, во графичка струка формиран е профилот Графички уредник-дизајнер, па потикнати од работата на нашите ученици решивме да организираме и реализираме натпревар по Графички дизајн. Ве покануваме заедно со нас да влезете во светот на графичкото дизајнирање и визуелните апликации и да ја поттикнете Вашата креативност давајќи им убав изглед на нештата што Ве опкружуваат.

 

Правила за пријавување:

  1. Право на учество имаат сите ученици од деветите оделенија од основните училишта во Република Северна Македонија
  2. Темата на конкурсот е Моето идеално идно училиште
  3. Изработеното дело – постер може да има еден (1) автор;
  4. Секој автор може да учествува со едно (1) дело – постер.
  5. Делатa треба  да  бидат  оригинални, да  не  ги  прекршуваат начелата на авторската сопственост и да не повикуваат на насилство, дискриминација и нетолеранција;

 

Постер

  1. Постерот може да биде изработен во која било апликација за дигитална уметност (десктоп, веб или мобилна апликација).
  2. Постерот може да содржи делови од фотографии и може да содржи текст.
  3. Треба да се наведе во која програма е направен постерот, да се испрати крајната верзија во PDF формат и работниот документ( формат .psd, .ai итн.)

Краен рок:

 

Пријава на учесници во натпреварот се врши преку испраќање на mail адресата [email protected] најдоцна до  14.03.2022 година заедно со следните податоци:

  • Име и презиме на учесникот
  • Адреса
  • Контакт телефонски број и mail
  • Училиште
  • Име и презиме на менторот
  • Контакт од менторот

.

Испраќање на идејно решение за постер да се достави на меил адресата  [email protected], најдоцна до  16.05.2022 година

заедно со следните податоци:

  • Наслов на делото
  • Име и презиме на авторот
  • Училиште

По извршената селекција од страна на стручно жири, најдобрите дела ќе бидат наградени од жири-комисија. Членови на стручното жири ќе бидат професори од СУГС,,Димитар Влахов”-Скопје. Делата ќе се оценуваат според најдобар естетски изглед, правила на композиција и оригиналност. Најдобрите 3 дела ќе бидат наградени. Точниот датум за доделување на наградите и пофалниците за менторите и учениците ќе биде дополнително објавен.

В.Д. Директор на СУГС ,,ДИМИТАР ВЛАХОВ”:

Јасминка Гудоманова

Одговорен професор:

 

Горан Јордановски

Број за контакт:  075/383-868

Mail: [email protected]

Ана Димовска

Број за контакт:  078/320-144

Mail: [email protected]

[fblike]

Напишете коментар