[fblike]

Здружение на информатичарите на
Македонија
1000 Скопје, Гази Баба бб, П.Ф. 162
Computer Society of Macedonia
1000 Skopje,
Gazi Baba bb, P.O.Box 162
Број: 2/22
Датум: 17.02.2022

Почитувани,
Ве известуваме дека Здружението на информатичарите на Македонија (ЗИМ) и
годинава, по 33-ти пат организира циклуси натпревари за учениците од основното и
средното образование. И годинава можност за учество покрај учениците од предметна
настава во основното образование, добиваат и учениците од IV и V одделение.
Сите информации за натпреварите ќе бидат дадени на страната на
Здружението, zim.mk. Заинтересираните наставници информациите треба да ги
побараат во соодветните делови за основно односно средно образование.
Важни датуми за учениците од VI-IX одделение и средно образование:
Пријавување за учество на натпреварите до 25.02.2022.
Училиштен натпревар 24.02.2022.
Општинскиот и регионален натпревар се одржува на 5.03.2022.
Државниот натпревар се одржува на 19.03.2022.
Важни датуми за учениците од IV и V одделение:
Пријавување за учество на натпреварите до 15.04.2022.
Натпреварите се одржуваат на крај на април и во првата половина на мај.
Заради специфичните услови наметнати од пандемијата менторите кои ќе
пријават ученици за учество, преземаат обврска дел од натпреварите да ги спроведат во
сопственото училиште, со примена на електронски алатки кои ќе ја гарантираат
чесноста на учесниците.
Ве покануваме да учествувате и ви посакуваме успех.

2_Izvestuvanje_do_uchilishta_za_ciklus_natprevari_2022.pdf

[fblike]

Напишете коментар