[fblike]

Стрип центар  на Македонија-Велес во склоп на програмата РЕКОМ (Регионална мрежа на помирување) го имплементира проектот

 

All we are saying is “GIVE RECONCILIATION A CHANCE!”

                     

Општа цел

Развој на свеста за мегусебно помирување кај населението  од неколку земји на Балканот

Конкретни цели:

Организирање на креативна кампања за  теми од мегусебното помирување и разбирање  , користејки ја креативната алатка СТРИП

– Мобилизација на младите генерации од разни  средини за креативно размислување за причините и последиците од наведената  проблематика

Во склоп на овој проект се организира мегународен тематски стрип конкурс

ПРОПОЗИЦИИ

-Право на учество имаат сите ученици од :Република Северна Македонија, Србија, Косово , Босна и Херцеговина и Црна Гора

  1. a)Темата на конкурсот е :помирување , Поконкретно, тука спага :перспективата на

жртвите и правдата, регионалното помирување, почитување на жртвите без оглед на етничката припадност, зачувување на сеќавањата на настраданите, поттикнување на младите да учат, паметат и критички да размислуваат за минатото. судските факти и за јакнење на гласот на жртвите, прифаќање и откривање на фактите за воените случувања и за злосторствата во локалната заедница, сеќавање на жртвите и за регионалното помирување….

; -Должината на стрипот да биде до 2 табли и најмалку 5 сликички и тоа на А4 формат, (мин.300дпи ако се испраќа по електронски пат).

-Tемата на стрипот е од областа на помирувањето ,

..Секој автор (билo цртач, туш ,колор) може да учествува со само еден стрип; Исклучок има за сценаристите каде се дозволува да едно лице направи сценарио за повеќе стрипови.

 -На еден стрип можат да работат повеке автори (притоа да се напише кој што направил: сценарио, молив, туш…)

-Заедно со стрипот да се испрати лична биографија (име и презиме со фотографија, дата на раѓање адреса, ,е маил како и година кога е стрипот нацртан..Исто така на сите стрипови треба бидат наведени авторите како и називот на стрипот .Пристигнатите стрипови, без овие информации, нема да бидат земени во предвид за награди.

-Стриповите може да се на службените јазици на земјите ,како и на англиски.

Пристигнатите стрипови ќе бидат разгледани од посебна интернационална  комисија којашто ќе направи избор и ќе ги предложи  награди: Се планира да се доделат следните награди:1,2,и 3 место за најдобар стрип во целина, (посебно за категорија основци и категорија средношколци ) награда за најдобар цртеж, награда за најдобро сценарио- порака,награда за најмасовно училиште.

Сите наградени ќе добијат дипломи,како и комплет изданија од СЦМ-Велес. Сите учесници ке добијат сертификати за учество.

Стриповите ќе се оценуваат од мегународна жири стрип комисија

Рок на испракање на стриповите е 30,04.2022.

Стриповите ќе се  испратат на  Е-маил:[email protected] или на адреса

Томе Трајков  ул „ Богдан Каракостев ‘ бр 11м Велес

За повеке информации јавете се на тел .вибер 0038978867327 во периодот помегу 10-12 и 16-19 ч како и на гореспоменатиот емаил

ВЕ ОЧЕКУВАМЕ!

 

 

 

[fblike]

Напишете коментар