[fblike]

  И З В Е С Т У В А Њ Е

 

Се известуваат сите заинтересирани ученици при ООУ„Кочо Рацин“- Кратово дека на 15.03.2022 година (вторник) со почеток во 12:15 часот, во училишната библиотека, ќе се одржи дисеминација на Еразмус+ мобилностите во Португалија и Турција, кои беа дел од проектните активности во рамки на проектите „Нуркаме во дигитално изучување на јазик“ и „Учење англиски јазик преку драма и игри“. 

Овие мобилности се случија во средината на месец јануари, 2022 година, а за време на презентациите, учениците кои учествуваа во овие мобилности ќе ги споделат нивните искуства и знаења. 

На овој настан добредојдени се сите ученици кои сакаат да дознаат повеќе за Еразмус+ искуствата и проектите во нашето училиште и на кој начин можат да се приклучат на истите во иднина. 

[fblike]

Напишете коментар