0Shares

Во рамките на проектот  „ Нуркаме во дигитално изучување на јазик“ ( Diving into digital language learning) финансиран од програмата Еразмус+, во градот Изернија, Италија, се реализираа активности во периодот од 4 до 8 април, 2022 година.

Во овој проект учествуваат наставници и ученици од пет училишта од С.Македонија, Италија, Шпанија, Потугалија и Турција. Домаќин-земја беше Италија, односно училиштето Istituto Comprensivo “San Giovanni Bosco”.

 

Од нашата земја учестуваа четири ученици од ООУ „Кочо Рацин“ од Кратово, односно Глорија Митровска, Елена Николова, Милан Марковски и Горазд Ковачевски, заедно со наставничката Кристина Цонкинска , Слаѓана Ѓорѓиева и директорката Марина Бојковска.

Накратко ги пренесуваме активностите реализирани за време на мобилноста.

03.04.2022 година: Пристигнување во Изернија и сместување на учениците во фамилии.

04.04.2022 година: Средба на сите учесници пред училиштето. Свечена церемонија за отворање на мобилноста, добредојде од директорот на училиштето и заменик-градоначалникот на Изернија.

Потоа се вративме во училиштето каде што учениците имаа креативна работилница. Наставниците имаа состанок на кој се дискутираше неделната програма. После ручекот, сите учесници имаа прием кај Градоначникот на Изернија, кој што ги поздрави учесниците и на кратко им презентираше кратка историја на градот, а учесниците имаа можност и да постават прашања. На крај, тој им посака успешна работа и престој во Изернија.

По посетата, учесниците имаа разглед на стариот дел на градот, посета на градската катедрала и познатата градска фонтана.

05.04.2022 година: Вториот ден учесниците се сретнаа пред училиштето а потоа сите се упативме кон средното училиште IT IS, каде што учениците следеа презентации за употреба на одредени апликации и веб алатки.

Потоа учесниците се вратија во училиштето, учениците имаа спортски активности а наставниците следеа презентација за инклузија и интеграција од страна на наставниците од домаќинското училиште, кои што кажаа како го спроведуваат тоа во нивното училиште. Потоа имавме онлјан средба со програмерите ангажирани за креирање на мобилната апликација ДИДЛЛ,  и беа утврдени последните детали околу апликацијата пред нејзино публикување.

Исто така, беше дискутирана и последната мобилност која е предвидена да се случи од 9 до 13 мај, 2022 година во Бурса, Турција. Беа потврдени тие датуми, и беа дадени предлози околу програмата за таа недела.

06.04.2022 година: Третиот ден учесниците го посетија Неапол  и неколку значајни места во градот.

07.04.2022 година: Четрвтиот ден учесниците го посетија Универзитот за информатички и природни науки  во градчето Пешке, каде што сите следеа рабоитлници за криптографија и виртуелна реалност-од научна фантастика до реален свет. Работилниците ги водеа професори од тој универзитет.

Потоа учениците имаа слободно време.

Вечерта сите наставници имаа заедничка вечера.

08.04.2022 година: Петтиот ден, учесниците го посетија природниот резерват во Вастогиради. Потоа го посетивме и градчето Ањон каде што посетивме работилница за изработка на ѕвона за камбанарија. Вработени таму ни ја објаснија постапката на изработка на ѕвона.

Потоа во училиштето, учениците имаа интересна активност ( body percussion) и беа доделени сертификати за учество во мобилноста.

 

09.04.2022 година: Утрото се испративме со наставниците и фамилиите-домаќини и се упативме кон Рим. Таму се сместивме а потоа го разгледувавме градот и ги видовме Колосеумот, Римскиот Форум, Фонтана Треви и Шпанските скали.

 

10.04.2022 година: Последниот ден, продолживме со разглед на градот, ги видовме базиликата Св.Педро, замокот Sant Angelo, плоштадот Навона и Пантеон. Попладнето се упативме кон аердромот и се вративме во Македонија.

 

Оваа посета на нашите ученици во Италија ги прошири нивните дигитални, културни и интелектуални знаења и ги збогати нивните искуства со нови познанства, јазични компетенции и соработка со  учениците од другите земји.

 

Коментари

Leave a Reply