[fblike]

Во рамките на проектот „Биди Безбеден-безбедно пребарување на интернет и заштита од булинг“ (2BSafe-Browsing and Bullying Safe) финансиран од програмата Еразмус+, во градот Дикирш (Луксембург) се реализираа активности во периодот од  25 до 29 април 2022 година.

Во овој проект учествуваат наставници и ученици од пет училишта од Македонија, Романија, Шпанија, Луксембург и Финска. Домаќин-земја беше Луксембург, односно училиштето LCD.

 

Од нашата земја учествуваа 14 ученици од шесто до осмо одделение, од ООУ „Кочо Рацин“ од Кратово, и 4 наставници. Наставничките Кристина Цонкинска и Наташа Иванова ја следеа мобилноста со физичко присуство, а учениците и наставниците Мирјана Манева-Арсовска и Тошо Петков, учествуваа преку виртуелни состаноци. Учениците не можеа да одат на мобилност со физичко присуство поради сѐ уште актуелната ситуација предизвикана од корона вирусот.

Накратко ги пренесуваме активностите реализирани во периодот од 25 до 29 април, 2022 година:

25.04.2022 година(понеделник): Пристигнување во градот Дикирш и сместување во хотел.

26.04.2022 година (вторник): Прв ден во училиштето заедно со учениците и наставниците вклучени во проектот. Директорот на училиштето им посака добредојде и успешна реализација на предвидените активности. Учениците од Луксембург ги претставија своите презентации за својот град и земја пред присутните ученици и пред нашите ученици кои следеа преку Тимс состанок. После презентациите, учениците од сите партнер училишта ги презентираа своите презентации за „Слики што лажат“. Презентираа и нашите ученици. После презентациите, учениците од Луксембург не водеа низ училиштето и ни објаснуваа за нивниот образовен систем. Македонските ученици ја следеа обиколката преку пренос во живо. По разгледувањето на училиштето, присутните ученици се поделија во групи и почнаа да  осмислуваат како ќе ги завршат нивните задачи.

После паузата за ручек, учениците и наставниците го посетивме Воениот музеј во Дикирх, каде што имавме водич/кустос кој на интересен начин ни ги претстави експонатите. Целата презентација беше снимена и потоа споделена со нашите ученици.

27.04.2022 година (среда): После сребата на сите ученици и наставници, учениците работеа на нивните задачи во групи. Нашите ученици исто така работеа во три групи ( една група за лажни слики и 2 групи за анти-булинг). Групите за лажни слики имаа задача да креираат/фотошопираат „лажни/фејк“ слики. Групите за анти-булинг имаа задача да осмислат приказна и да креираат стрип рачно или со користење на програма. Македонските ученици креираа една приказна со тажен крај и една со среќен крај.

После работата во групи, учениците и наставниците го посетија главниот град Луксебург, каде што преку Treasure Hunt во групи ги откриваа најзначајните места во градот. Видеа и слики од градот беа споделени со македонските ученици, за да видат како изгледа градот.

28.04.2022 година (четврток): Овој ден започна со презентација за „Безбедност на интернет“ од страна на експерт, кој презентираше пред учениците за негативните страни на интернетот, односно како да се заштитиме од опасностите кои постојат. Македонските ученици исто така ја следеа оваа интересна презентација преку Тимс.

После презентацијата, следуваа презентациите на учениците за лажни слики и антибулинг стриповите. Презентираа и нашите ученици и видовме дека многу успешно си ги сработиле задачите.

По паузата за ручек, учениците и наставниците се упатија кон гратчето Клерво, каде што ја погледнаа позната изложба (заштитена од УНЕСКО) „Семејството на човекот“ ( The Family of Man) на познатиот фотограф Едвард Штајшен. Имавме водич кој ни ги објасни фотографиите а видеа и слики повторно беа споделени со македонските ученици, за да можат и тие да дознаат за оваа изложба.

29.04.2022 година (петок): Овој ден учениците добија линкови до прашалници за евалуација на неделата и за искажување на своите впечатоци од мобилноста.

 

Оваа хибридна мобилност беше навистина успешна, бидејќи проектните активности беа многу успешно завршени од страна на нашите ученици, и тие, иако од далеко, сепак имаа можност да погледнат како изгледа едно училиште во Луксембруг, како и нивниот главен град и знаменитости. Учеството во оваа мобилност исто така придонесе учениците да ги развијат нивните дигитални и јазични вештини, интеркултурни компетенции, и да ја подигне нивната свесност за безбедност на интернет и заштита од булинг.

[fblike]

Напишете коментар