[fblike]
Учениците од нашето училиште ООУ „Кочо Рацин“ – Кратово се приклучија на акцијата “ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД” на иницијатива на општина Кратово во организација на компанијата “МЕН EНД МАУНТЕН”, со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Делегација на Европска унија, Пивара и ПАКОМАК Скопје, која се одржува на 06 и 07 мај.
Организаторот има цел за секои 10 килограми собран отпад да биде засадено по едно дрво и да се формира шума што ќе расте секоја година со секоја ГЕНЕРАЛКА.
Заедно да го одржиме чисто гратчето познато како жив музеј во нашата држава и да се грижиме за нашата иднина.
[fblike]