0Shares

Се известуваат сите ученици од шесто до деветто одделение од ООУ „Кочо Рацин“-Кратово, кои се веќе учесници во Еразмус+ проектот „Биди Безбеден“ или пак сакаат да се приклучат и да учествуваат во проектот, можат да ја пополнат Пријавата за учество во мобилноста во Шпанија и на тој начин да се пријават за последната мобилност од проектот, која е предвидена да се случи од 13 до 17 јуни, 2022 година, во Мадрид, Шпанија.

Линк до Пријавата: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSeoRoKWUEmv2OZYvhYppfPuyo-IY8I2rfc7vDOkaRmw2LYE4g/viewform?usp=sf_link

 

Од пријавените ученици, ќе бидат избрани најмалку пет (5) а најмногу десет (10) ученици, а изборот ќе бидат направен според следниве критериуми:

  1. ученикот нема претходно учествувано во мобилност во овој или некој од другите Еразмус+ проекти во училиштето.
  2.  ученикот има КОВИД19 сертификат ( за прележаност или вакцина).
  3. ученикот активно учествувал и успешно ги завршувал проектните активности (доколку имал учествувано претходно во преоктените активности).
  4. ученикот солидно го владее англискиот јазик.

 

ПОЈАСНУВАЊЕ: Ученикот не мора да ги исполнува сите критериуми, но при изборот, ќе се земе предвид кои критериуми ги исполнува.

Рокот за пријавување за оваа мобилност е 18 мај (среда), 2022 година.

 

За повеќе информации околу пријавувањето и мобилноста, учениците можат слободно да се обратат на проектниот координатор, наставничката Кристина Цонкинска, лично, или на следните контакти:

 

емаил: [email protected]

телефон: 077-929-815

Коментари

Leave a Reply