0Shares
Ученици од нашето училиште учествуваа на филмскиот фестивал за млади „Џифони патува“ кој се одржа на 9 и 10 јуни во кино салата при Домот за култура „Лазар Софијанов“
На фестивалот се прикажуваа филмови за млади, а програмата беше збогатена  и со три работилници. На театарската, фотографската и ликовната работилница учениците ја развиваа својата креативност, учејќи од од реномирани уметници од театарот, ликовната уметност и фотографијата.
Мора да нагласиме дека театарската работилница се реализираше под менторство на актерката Благица Димитровска со потекло од Кратово.
На забавен начин преку дискусии за филмот, младите се поттикнуваат преку отворен разговор со модераторот да ги развиваат своите способности за дебатирање и соочување со проблемите со кои се справува младата генерација. Фестивалот е добар повод за меѓусебно дружење и запознавање на младите. „Џифони патува“ е проект кој преку ширење на идеите на културниот производ Џифони низ земјата и вклучување на поголем број на млади вљубеници во филмот и културата кои во текот на дводневните манифестации преку богата филмска и едукативна програма овозможува младите учесници да ја почуствувааат магијата и културата воопшто.
Проектот „Џифони патува“ (Giffoni on Tour) е поддржан од Агенцијата за филм на РСМ, Делегацијата на ЕУ во Скопје и општините, а се остварува во соработка со Амбасадата на Италија во Скопје и италијанскиот партнер „Џифони експириенс“.
Коментари

Напишете коментар