[fblike]

Учениците од VIII и IX одделение по предметот Граѓанско образование, во првото полугодие од учебната 2021/2022 година на демократски начин избраа, а подоцна и реализираа Ученичка иницијатива. Во реализирањето на избраната Ученичка иницијатива, учениците имаа огромна подршка од директорката Марина Бојковска, стручниот соработник-педагог Биљана Николовска, а беа менторирани од наставниците по Граѓанско образование Христијан Ѓорѓиев, Горан Трајчев и наставниците по Ликовно образование Владо Митрески и Даниел Тодоровски.

Преку реализрањето на избраната Ученичка иницијатива, учениците направија позитивни промени во нашето училиште со што ги истакнаа демократијата и демократските вредности како најважни за секое општество. По реализирањето на Ученичката иницијатива, учениците со подршка од нивните ментори, одржаа настан, наречен Отворен ден за Граѓанско образование. На Отворениот ден за Граѓанско образование беа презентирани сите чекори кои ги поминаа учениците, од првите состаноци па сè до последните активности и реализирањето на Ученичката иницијатива.

На овој настан, кој поради тогашните протоколи се одржа он-лајн, беа поканети и присуствуваа претставници од Бирото за развој на образованието, претставници на Македонскот центар за граѓанско образование, претставници од локалната самоуправа на општина-Кратово и Советот на општина Кратово, претставници од Центарот за социјални работи-Кратово, претставници на нашето училиште, родители и ученици.

По успешно спроведената Ученичка иницијатива, од страна на БРО и МЦГО, на нашето училиште ООУ Кочо Рацин е донирана ИКТ опрема: Лаптоп компјутер и LCD проектор. Истите се добредојдени и ќе бидат користени за поддршка на активностите за подобрување на демократската клима во училиштето и за осовременување на воспитно-обрaзовниот процес во нашето училиште.

[fblike]

Напишете коментар