[fblike]

Започна новата учебна година за сите ученици од основните и средните училишта.

Традиционално првиот училишен ден започна во празнична атмосфера и со пригодна свеченост подготвена од директорката и вработените во нашето училиште ООУ „Кочо Рацин“ – Кратово.

Директорката Марина Бојковска им посака успешен и среќен почеток на учебната година на сите ученици и наставници и истакна дека училиштето е подготвено за успешен старт на учебната година.

Образованието е важен, тежок, но навистина, интересен предизвик кој ги отвора вратите на знаењата, напредокот, личниот развој и успехот. Најубавите денови се ученичките денови. Порачуваме на учениците да влезат во образовниот процес со насмевка и со цел да постигнат резултати и да се изградат во личности кои утре ќе ја градат иднината на нашиот град Кратово.

На сите ученици, пред се на првачињата им посакуваме топло добредојде во новата учебна година, успешно влегување во образовниот процес и стекнување со желба за учење на нови работи и многу знаења.

[fblike]

Напишете коментар