0Shares

Еден од проектните резултати од новиот Еразмус+ проект во нашето училиште, насловен „ЛИСТОВИ“, е и онлајн списание, кои ќе биде креирано и уредувано од учесниците во проектот.

Насловот на списанието „Кога листовите паѓаат“ (When the Leaves Fall)  беше смислено од страна на учениците кои беа дел од првата мобилност од овој проект во Словачка, која се одржа од 21 до 25 ноември, оваа година.

 

Во списанието можете да прочитате за партнерските училишта во овој проект, за активностите кои ги имаа учесниците за време на работната недела во Словачка и да ги видите резултатите од креативната работа на учениците и наставниците кои беа дел од различни интернационални групи и имаа различни задачи кои многу успешно ги завршија.  

 

Но, нема да ви откриваме повеќе, ќе ве оставиме самите да го направите тоа. Првиот број од списанието можете да го пролистате на следниот линк: https://viewer.joomag.com/leaves-november-2022/0175378001669277594?short&fbclid=IwAR1yQR3Nq8RL2jQEQb1p8tvKtPY8FMmP8v9Lmzl-2C1F4PKcNlKcNoWYJa8

Коментари

Напишете коментар