386Shares

Најголема среќа е пренесувањето на среќата од деца на деца, кога децата се учат на хуманост и хуманоста ја покажуваат на дело. Учениците од нашето училиште ја покажаа својата хуманост организирајќи хуманитарна донација која пред новата година ќе израдуваа многу детски лица.

Оваа идеја всушност произлезе од учениците од VIII одделение, кои на еден од часовите по Граѓанско образование ја истакнаа како идеја и желба за реализација на истата. Од оваа идеја произлезе ученичка иницијатива која како таква беше разгледана и подржана од страна на Ученичкиот парламент, а во иницијативата учествуваа ученици од IV до IX одделение.

Од страна на учениците беа донирани облека и играчки за деца, а истите се предадени на Здружение на граѓани “Куќа на Среќата”. Мото на оваа иницијатива е: Кога “малите” луѓе прават големи нешта.

Коментари

Leave a Reply