Реализација на проектот „Балансирано образование за сите, преку физички активности, креативни предизвици и помош во заедницата, за време на пандемија и пост-пандемија“
Во рамки на проектот „Балансирано образование за сите, преку физички активности, креативни предизвици и помош во заедницата, за време на пандемија и пост-пандемија“, се одржаа неколку активности и тоа
1.Од физичка активност и спорт:
- Училишен турнир во спорт кој е застапен во наставниот план(фудбал),
- Масовен час по фитнес,
- Промоција на спорт кој не е дел од наставната програма преку организирање на турнир( хокеј на трева/во сала), и
- Организирање на Мини-Олимписки игри во училиштето.
2. Креативност:
- Изведба на локален традиционален танц,
- Шоу на Таленти и Креирање на креативно видео за промоција на училиштето.Талент шоу на кое за најдобар вокал и музички сценски настап се натпреваруваа талентираните ученици од ООУ „Кочо Рацин“ Кратово.На натпреварот учесниците ги покажаа своите одлични таленти во пеење и сценски настап, изборот беше тежок, се доделија 3 награди и благодарници за останатите учесници:
- Андреа Николова
- Елена Николова
- Теона Лазаревска
Паралелно изборот за најдобар вокал и музички сценски настап се одржа и турнир во шах и ликовна работилница.
3. Помош кон заедницата:
- Средување и уредување на катче/дел од градот и
- Активност насочена кон помагање на животни.
Во продолжение проследете ги и галериите со фотографии и видео записи од настаните.
Промотивно видео креирано од учениците од 7б одделение.
Галерија Талент шоу
Галерија од физичка активност и спорт
Галерија од Помош кон заедницата
Коментари