[fblike]

Во рамки на Еразмус+ проектот „ЛИСТОВИ“, во периодот од 24 до 28 април, 2023 година, во нашето училиште ООУ „Кочо Рацин“-Кратово, се одржа втората мобилност на учесниците од овој проект.

Учесници беа деветнаесет (19) ученици и тројца наставници од нашето училиште, како и наставници и ученици од Словачка, Германија, Португалија, Полска и Кипар.

Темата што учесниците во проектот ја работеа оваа недела беше „Храни се здраво“, а учениците преку различни активности учеа за поздрави навики на исхрана.

Во неделата, на 23 април, учесниците од сите партнерски земји пристигнаа во Кратово. Учениците се сместија во фамилии а наставниците во хотел.

24.04.2023 год.- Првиот ден од работната недела, во училиштето имавме мала свечена програма за добредојде на учесниците, и обраќање на директорката на училиштето, Марина Бојковска. Потоа учесниците имаа разглед на нашето училиште. Потоа,следеа активности за подобро запознавање на учесниците. После паузата, учениците и наставниците беа поделени во 9 интернационални групи и имаа задача преку бура на идеи да споделуваат идеи и да направат план за тоа како ќе ги завршат задачите во својата група. 

25.04.2023 год.- Вториот ден, учесниците почнаа да ги извршуваат задачите во своите групи. После паузата, учесниците имаа презентација за здрава исхрана од страна на професорот Младен Мицевски а потоа следуваше и работилница за подготовка на здрави оброци. Учесниците беа поделени во неколку групи и секоја група доби различен рецепт и требаше да го подготви здравиот оброк. 

26.04.2023 година- Третиот ден учесниците ја продолжија работата во нивните групи. После паузата, се упативме кон Скопје, каде што имавме пешачка тура со туристички водич, а потоа и слободно време за разглед на градот. 

27.04.2023 година- Четвртиот ден, учесниците посетија приватен ранч, во близина на Ранковце, каде што имаа презентација за придобивките од вегетаријанска и веганска исхрана. Потоа следеше дегустација на вегетаријанска и веганска храна, како и можност за разглед на ранчот, разговор со сопственичката за начинот на добивање компост, терапијата со животни која се применува на нејзиниот ранч и слично. 

Во попладневните часови, учесниците ги посетија Камените кукли и ја слушнаа легендата за истите. 

28.04.2023 година- Последниот ден, учесниците ги завршуваа своите задачи. Потоа следуваше презентација на сите 9 групи за тоа што сработиле во текот на неделата, пред останатите учесници и други ученици од училиштето. Откако учесниците го пополнија формуларот за евалуација на неделата, тие имаа разглед на Кратово со туристички водич и посета на Саат кулата. 

Вечерта, тие уште еднаш презентираа пред присутните родители, со што започна официјалната завршна вечера, на која беа доделени сертификатите на сите учесници и гостите имаа можност да пробаат традиционални македонски јадења. 

Преку овие активности сите учесници ги прошираа своите знаења во врска со начини на здрава исхрана.

Следната мобилност од овој проект ќе биде од 06 до 10 ноември, 2023 година во партнерското училиште од Германија. 

 

[fblike]

Напишете коментар