[fblike]

Реализација на проектот „Балансирано образование за сите, преку физички активности, креативни предизвици и помош во заедницата, за време на пандемија и пост-пандемија“

Во рамки на проектот „Балансирано образование за сите, преку физички активности, креативни предизвици и помош во заедницата, за време на пандемија и пост-пандемија“, се одржаа неколку активности  и тоа

1.Од физичка активност и спорт:

  • Училишен турнир во спорт кој е застапен во наставниот план(фудбал),
  • Масовен час по фитнес,
  • Промоција на спорт кој не е дел од наставната програма преку организирање на турнир( хокеј на трева/во сала), и
  • Организирање на Мини-Олимписки игри во училиштето.

2. Креативност:

  • Изведба на локален традиционален танц,
  • Шоу на Таленти и Креирање на креативно видео за промоција на училиштето.Талент шоу на кое за најдобар вокал и музички сценски настап се натпреваруваа талентираните ученици од ООУ „Кочо Рацин“ Кратово.На натпреварот учесниците ги покажаа своите одлични таленти во пеење и сценски настап, изборот беше тежок, се доделија 3 награди и благодарници за останатите учесници:
    1. Андреа Николова
    2. Елена Николова
    3. Теона Лазаревска

    Паралелно изборот за најдобар вокал и музички сценски настап се одржа и турнир во шах и ликовна работилница.

3. Помош кон заедницата:

  • Средување и уредување на катче/дел од градот и
  • Активност насочена кон помагање на животни.

Во продолжение проследете ги и галериите со фотографии и видео записи од настаните.

Промотивно видео креирано од учениците од 7б одделение.

Галерија Талент шоу

 

Галерија од физичка активност и спорт

Галерија од Помош кон заедницата

[fblike]

Напишете коментар