0Shares

Во рамки на Еразмус+ проектот „Учиме англиски јазик преку драма и игри“, во периодот од 08 до 12 мај, 2023 година, во партнерското училиште од Повоа де Варзим, Португалија, се одржа петтата мобилност со физичко присуство на учесниците од овој проект.

Учесници беа четири (4) ученици  од нашето училиште и наставниците Кристина Цонкинска и Драги Иванов како и наставници и ученици од Турција, Романија, Португалија и Литванија.

Темата што учесниците во проектот ја работеа оваа недела беше „Покажи и играј“, а учениците преку игри и драма го вежбаа сегашно трајно време и модалниот глагол може во англискиот јазик.

06.05.2023 година- Во попладневните часови македонскиот тим пристигна на аеродромот во Порто а потоа продолживме со патувањето до градот Повоа де Варзим, каде што учениците се сместија во фамилии а наставниците се сместивме во хотел.

07.05.2023 год.- Овој ден го искористивме за состанок со наставниците од португалското училиште и разговор околку програмата за таа недела, давање сугестии, како и идеи за идна соработка и проекти со ова училиште.

08.05.2023 год.- Првиот ден од работната недела учесниците се упатија кон училиштето-домаќин, каде што ученици од училиштето имаа неколку музички точки за да ни посакаат добредојде. После обраќањето на координаторката од Португалија и директорката на училиштето, следеа презентациите за игрите подготвени од партнерските училишта. Потоа следеше обиколка на училиштето.

После заедничкиот ручек, учениците беа поделени во две групи и наизменично следеа воведна работилница за драма и имаа разглед на градот преку различни активности.

09.05.2023 год.- Вториот ден, учесниците имаа групна работа во училиштето со професионална актерка и имаа задача да ги напишат драмските текстови за драмите што ги осмислија претходниот ден а потоа и да ги поделат улогите и да пробаат да одглумат. Учениците работеа во шест групи, на шест различни драми.

После заедничкиот ручек, сите учесници се упатија со воз кон Порто, каде што имавме возење со брод за да ги видиме мостовите на реката Дуомо и дел од градот.

10.05.2023 година- Третиот ден учесниците имаа работилница за марионети на која имаа можност да научат повеќе за ваквиот вид на театар и самите да изработат марионети. После работилницата го посетивме и музејот за марионети.

Откако учениците завршија со ручекот, имавме разглед на Порто.

11.05.2023 година- Четвртиот ден, учениците во училиште ги вежбаа нивните драми а потоа беа снимени истите.

После заедничкиот ручек, учесниците се упатија кон локалниот кино-театар Гарет, каде што вработена во истиот ни го покажа театарот, на и зад сцената, а учениците  можеа да поставуваат прашања.

12.05.2023 година- Последниот ден, учесниците ги споделуваа нивните впечатоци од целата недела, ги погледнаа снимките од нивните драми, ги добија сертификатите за нивното учество, како и скромни подароци од партнерското училиште.

Наредниот ден, се упативме кон аеродромот во Порто, и во Македонија се вративме следното утро.

Преку овие активности сите учесници ги прошираа своите знаења во врска со театарот,  го подобрија нивниот англиски јазик и научија за други култури. Едно несекојдневно искуство за сите учесници.

Последната мобилност од овој проект ќе биде од 5 до 9 јуни, 2023 година во партнер училиштето од Романија.

 

Наставници ментори:

Кристина Цонкинска ………………………………………..

Драги Иванов ……………………………………………………….

 

Коментари

Напишете коментар