0Shares

Во рамки на Еразмус+ проектот „ЛИСТОВИ“, во периодот од 06 до 10 ноември, 2023 година, во партнерското училиште од Атендорн, Германија се одржа третата мобилност на учесниците од овој проект.

Учесници беа четири (4) ученици  од нашето училиште и наставничката Кристина Цонкинска, која е проектен координатор, како и наставници и ученици од Словачка, Германија, Португалија, Полска и Кипар.

Во продолжение е неделната програма.

05.11.2023 година- Во раните утрински часови македонскиот тим пристигна на аеродромот во Скопје, а потоа летавме до Дортмунд. Оттаму имавме организиран превоз до Атендорн. Кога стигнавме во местото, учениците отидоа во фамилиите- домаќини, а наставниците се сместивме во хотел.

06.11.2023 год.- Првиот ден од работната недела, по официјалното отпочнување на прогамата со обраќањето на директорката и координаторот од училиштето во Атендорн, учесниците имаа разглед на партнерското училиште. Потоа,следуваа активности за подобро запознавање на учесниците. После паузата, учениците и наставниците беа поделени во 9 интернационални групи и имаа задача преку бура на идеи да споделуваат идеи и да направат план за тоа како ќе ги завршат задачите во својата група.

Во попладневните часови, наставниците имаа посета на пештерата Атахол со локален водич.

07.11.2023 год.- Вториот ден, учесниците почнаа да ги извршуваат задачите во своите групи.

Наставниците имаа состанок на кој се дикутираа тековни прашања за неделната програма, термините за следните мобилности и други прашања околу успешно имплементирање на проектот. 

Во вечерните часови го посетивме замокот Бург Шнеленбeрг кој се наоѓа во Атендорн и од водичот во замокот дознавме повеќе за истиот и за дел од историјата на Атендорн.

08.11.2023 година- Третиот ден учесниците имаа посета на Келн каде што имавме слободно време за разглед на градот. Ја посетивме познатата Келнска катедрала, која е една од најдобрите архитектонски споменици во земјата и најпосетувана знаменитост во Германија. Исто така прошетавме и во стариот дел на градот и покрај кејот на Рајна.

09.11.2023 година- Четвртиот ден, учениците продолжија со работа во своите групи. После паузата, имавме прием кај градоначалникот на Атендорн.

10.11.2023 година- Последниот ден, учесниците ги завршуваа своите задачи. Исто така го пополнија прашалникот за евалуација на неделата. Потоа следуваше презентација на сите 9 групи за тоа што сработиле во текот на неделата.

Во првата група учениците требаше да направат некоја игра поврзана со темата „Биди внимателен“, втората група имаа задача да креираат видео игра, третата група снимаа и креираа видео со интервјуа на учесници од проектот, четвртата група снимаа и уредуваа видео со корисни совети за поголема концентрација на часовите, петтата група учеа да користат 3-Д принтери, шестата група креираа изработки од стара облека, седмата група креираа изработки од дрво, осмата група креираа голем билборд со логото на проектот и последната, деветта група, ја креираа нивната идеална училница.

Во попладневните часови, тие уште еднаш презентираа пред присутните родители, а потоа следуваше доделувањето на сертификатите за учество и дегустирање на традиционална германска храна. 

Во ноќните часови, се упативме кон аеродромот во Дортмунд, и во Македонија се вративме наредниот ден, во попладневните часови.

Преку овие активности сите учесници ги прошираа своите знаења, ја развиваа нивната креативност преку извршување на различни задачи, ги усовршија нивните дигитални и комуникациски вештини, го подобрија нивниот англиски јазик и научија за други култури. Ова беше едно убаво искуство за сите учесници.

Следната мобилност од овој проект ќе биде од 18 до 22 март, 2024 година во партнетското училиште во Леирија, Португалија. 

Доколку сакате да бидете во тек со сите наши активности, следете не на јутјуб каналот на проектот, односно претплатете се на следниот линк: https://www.youtube.com/@erasmusleaves

 

Коментари

Leave a Reply