0Shares

Како дел од најновиот Еразмус+ проект во нашето училиште, „Ајде да играме пак“, во кој координатор е нашето партнерско училиште од Полска, на 19 и 20ти јануари, 2024 година, во Кратово се одржа воведниот состанок од овој проект, на кој присуствуваа по двајца наставници од секое партнерско училиште од Полска, Литванија, Кипар, Грција и Малта. На работните средби беа претставени главните цели на овој проект, целните групи, активности и проектни резултати, и се договорија датумите на мобилностите во секоја од овие земји. Во овие интернационални средби на ученици и наставници во траење од една недела ќе учествуваат по 8 ученици и 2 наставници од секое партнерско училиште. Активностите ќе бидат поврзани со оживување на подзаборавени игри и активности од минатото, со што ќе се обидеме да ја намалиме зависноста на младите луѓе од електронски уреди и да ги поттикнеме да бидат физички поактивни. 

 

Првата мобилност со ученици од овој проект ќе биде во периодот од 16 до 23 март, 2024 година, во нашето училиште. 

 

Пријавувањето за мобилноста во Полска, која ќе се случи во третата недела од април е веќе во тек, а можат да се пријавуваат сите заинтересирани ученици од 6 до 9 одд. Од нашето училиште преку пополнување на пријава која е објавена на веб страната на училиштето. Пријавувањето ќе трае до 31 јануари, а потоа ќе бидат избрани 8 ученици според однапред утврдени критериуми.

Коментари

Leave a Reply