[fblike]

Почитувани,

„Стрип центар на Македонија  Велес“ е добитник на грант за проект со наслов „All we are saying is GIVE INCLUSION A CHANCE!“. Истиот е усвоен  во рамки на програмата „Градиме нови мостови“ на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Целта  на проектот е :

Да се зајакне капацитетот на младите луѓе без разлика на етничката поделба да користат стрипови како соодветна културна алатка за промовирање на меѓуетнички дијалог, граѓански вредности и борба против дискриминацијата.

– Право на учество имаат сите ученици од  основно и средно образование од државата, без разлика на родот, етничка или друга припадност со цел прикажување на пријателства што ги надминуваат културните и националните граници, нагласувајќи како заедничките вредности можат да ги премостат разликите.

-Tемите на стрипот се:

А) прикажување на пријателства што ги надминуваат културните и националните граници, нагласувајќи како заедничките вредности можат да ги премостат разликите.

Б) фантастични или научно-фантастични светови каде што се спојуваат ликовите од различно културно потекло, формирајќи сојузи и пријателства кои ги надминуваат измислените културни поделби.

– Должината на стрипот да биде до 2 страници на А4 формат, и најмалку 5 сликички и тоа (мин. 300dpi ако се испраќа по електронски пат).

 – Секој автор (било со цртеж, туш, боење) може да учествува со само еден стрип; исклучок има за сценаристите каде се дозволува да едно лице направи сценарија за повеќе стрипови.

– На еден стрип можат да работат повеќе автори (притоа да се напише кој што направил: сценарио, молив, туш…)

 – Заедно со стрипот да се испрати лична биографија (име и презиме со фотографија, дата на раѓање, адреса, и-мејл како и година кога е стрипот нацртан. Исто така, на сите стрипови треба бидат наведени авторите како и називот на стрипот. Пристигнатите стрипови, без овие информации, нема да бидат земени предвид за награди.

 – Стриповите може да се направат на македонски јазик или на матичните јазици со задолжителен пишан превод на македонски јазик, на посебен лист).

Пристигнатите стрипови ќе бидат разгледани од жири-комисија којашто ќе направи избор и ќе ги предложи награди: Се планира да се доделат следните награди: прво, второ и трето место за најдобар стрип во целина (одделно за категорија основци и одделно за категорија средношколци), награда за најдобар цртеж, награда за најдобро сценарио – порака, награда за најмасовно училиште. Сите наградени ќе добијат дипломи, како и комплет изданија од СЦМ-Велес.

Сите учесници ке добијат сертификати за учество.

Рок на испраќање на стриповите е 30.03.2024. Стриповите ќе се испратат на и-мејл адресата: [email protected] или на адреса Томе Трајков ул „Богдан Каракостев“ бр 11 Велес

За повеке информации јавете се на телефон/вибер +38978867327 во периодот помегу 10-12 и 16-19 ч како и на гореспоменатата и-мејл адреса. Ве очекуваме!

[fblike]

Напишете коментар