[fblike]

По повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, во медијатеката на ООУ,,Кочо Рацин” Кратово во присуство на директорот од нашето училиште Борче Спиридонов, заедно со наставниците, се организира литературно читање, на кое учество земаа учениците од IV до IX одделение, под раководство на наставниците Емилија Симонова, Пацка Младеновска и Тоше Петков.

Меѓународниот ден на мајчиниот јазик е создаден од УНЕСКО и се одбележува од 1999 год.во интерес на зачувување на 6500 јазици, од кои на дел им се заканува исчезнување. Смислата на одбележувањето на ваквите датуми е да се разбуди свеста на човештвото за зачувување на јазиците со мал број говорители.

 

 

[fblike]

Напишете коментар