[fblike]

По повод Недела на спортот во ООУ „Кочо Рацин“ Кратово под менторство на наставникот Далибор Трајчев и со помош на одделенските наставници се одржа турнир во футсал за ученици од I, II и III одделение.

Освен турнирот во футсал, имаше и забавни елементарни игри, натпревар во слободни фрлања, итн. Сите натпревари и игри поминаа во една спортска фер-плеј атмосфера.

Учениците беа наградени од страна на директорот на ООУ „Кочо Рацин“ Кратово, Борче Спиридонов со дипломи за прво, второ и трето место како и дипломи за најдобрите стрелци и ферплеј.

Во продолжение погледнете ги фотографиите и видеото од настанот:

[fblike]

Напишете коментар