0Shares

Во нашето општинско училиште од 17 до 22 март 2024 година, се спроведе првата мобилност од Еразмус+ проектот „Ајде да играме пак“, на која учество земаа осум ученици и двајца наставници од партнерските училишта од Полска, Литванија, Малта, Кипар и Грција, како и осум ученици и тројца наставници од нашето училиште.

16.03.2024 – Во текот на денот пристигнаа учениците и наставниците од партнерските училишта и се сместија во хотел во Пробиштип.

17.03.2024 – Најпрвин, во 09:00 се започна со состанок за добредојде на кој гостите од партнерските училишта се запознаа со партнерското училиште од нашата земја, организацијата на часовите и образовниот систем. Потоа се продолжи со дискусија за активностите кои претходат на организацијата на мобилноста и презентирање на очекувањата на учесниците. За време на состанокот пред партнерите беа прикажани и активни културни презентации за песните, танците, храната, архитектурата, природата и спомениците кои ја карактеризираат нашата земја. На крајот на состанокот беше спроведен и Kahoot квиз на кој учениците ги проверија своите новостекнати знаења за Северна Македонија.

Подоцна, по паузата беа реализирани и активности за меѓусебно запознавање на учесниците од партнерските училишта. Со планираните активности се заврши во 13:30 часот, а потоа следуваа слободни активности како разгледување на градот и неговите одлики.

18.03.2024- Овој ден започна со состанок на кој беа презентирани видеата во кои се објаснуваат традиционалните игри кои беа избрани да се презентираат пред учесниците од другите земји. После видеата, нашите ученици ги објаснија на англиски јазик и ги демонстрираа игрите а потоа сите учесцни беа поделени во пет (5 групи) и заедно ги пробаа и играа игрите.

Полсе ручекот, гостите го посетија Лесновскиот манастир и пештерите во Лесново.

19.03.2024– Овој ден беше предвиден за посета на Скопје и разглед на најзначајните знаменистости во градот со туристички водич.

20.03.2024 – Откако учесниците пристигнаа и се сместија во хотелот во Кратово, во 09:00 часот се започна со активностите кои беа планирани да се спроведат во просториите на училиштето, односно од страна на претходно формирани мешани групи од учесниците од партнерските училишта, се презентираа избраните традиционални игри пред учениците од погорните одделенија од нашето училиште.

По паузата, во 12:30 како следна активност се реализира Спортвизија – натпревари на национални тимови во кошарка и одбојка на кои учествуваа тимовите, кои го претставуваа секој своето училиште, односно земја од која доаѓаат. Најуспешни во кошарка беа екипите на Грција и Литванија, а во одбојка, Литванија и Полска.

Со планираните активности се заврши во 13:30 часот, по што учесниците имаа можност да го разгледаат градот и да се запознаат со неговите убавини.

 

21.03.2024 – Во 09:00 се започна со подготовките за фестивалот кој е планиран за наредниот ден. Оваа активност вклучува изготвување на материјали за презентирање на одбраните игри пред помалите, односно останатите ученици од нашето училиште. Откако секоја од групите заврши со подготовката на материјалите за презентирање на играта која тие ја избрале, се одржа и финалето на Спортвизија во кошарка и одбојка на која во кошарка победи тимот на Кипар, а во одбојка победи тимот на Литванија.

По паузата, во 11:30 учесниците се упатија кон село Куклица, каде уживаа во глетката на Камените кули и каде секоја од групите посебно снимаа видеа, во кои ги објаснуваат и презентираат игрите кои ги одбрале. Со активностите за денот се заврши во 13:30 часот.

 

22.03.2024 – Веќе во 09:00 часот се започна со еТвининг задачи за учениците, каде преку еТвининг платформата ги изготвија своите извештаи за впечатоците од посетата на Македонија и учеството во проектот.

По паузата, во 12:30 часот почна фестивалот на кој секој од тимовите пред најмалите ученици, презентираше една од игрите за кој беше задолжен. Вкупно беа презентирани 10 игри и на истите учениците покажаа голема заинтересираност и ентузијазам. Со активноста се заврши во 13:30 часот.

Подоцна, истиот ден, со почеток од 17:00 чаасот, се одржа и завршната церемонија на која се врачија сертификати на учесниците на проектот, се доделија медали на победниците на Спортвизија, а потоа се прејде и на свечена вечера на која сите учесници беа послужени со традиционална храна, специфична за нашиот крај.

Коментари

Leave a Reply