[fblike]

Нашето училиште ООУ “Кочо Рацин” Кратово и оваа година со еколошка акција и активности го одбележа 21 Март – Денот на пролетта и екологијата.

Учениците од V до IX одд. учествуваа во чистење и селекција на отпадоци во кругот на училиштето, уредувањето на  жардињерата во предниот дел од дворот со засадување на сезонски цвеќиња како и засадување на садници од бор донирани од Општината на град Кратово на предвидените места позади училиштето.

Учениците од I до IV одд. имаа ЕКО работилници каде што изработуваа ликовни творби кои ќе ги разубавуваат паноата со изложба на цртежи и пораки на тема “Природа” и “Екологија”.

 

[fblike]

Напишете коментар