0Shares

Ученици од ООУ „Кочо Рацин“ Кратово на штандот зедоа учество дел од нашите волонтери, од Училишниот клуб на Црвен Крст во Велигденски Базар во Кратово во организација на Општина Кратово, пред платото на Дом на култура “Лазар Софијанов”.

Оваа манифестација е промотор на ракотворбите изработени од вредните раце на учениците и занаетчиите.

На поставените штандови беа изложени велигденски украси, накит од дрво, полимерна глина, монистра, плетени изработки и традиционална македонска храна, а дел од собраните средства ќе бидат донирани во Дневниот центар за попреченост Кратово.
Покрај продажно-изложбениот дел беше реализиран и забавен – детски дел на актерката Изабела Јакимова со својата Вселенска мисија.
Коментари

Leave a Reply