0Shares

Во рамки на Еразмус+ проектот „Ајде да играме пак!“, во периодот од 14 до 21 април, 2024 година, во партнерското училиште „Никодем Сулик“ од Даброва Бјалисток, Полска, се одржа втората мобилност со физичко присуство на учесниците од овој проект.

Учесници беа осум (8) ученици од нашето училиште, наставниците Кристина Младеновска Кузманоска и Тошо Петков и наставници и ученици од Полска, Литванија, Грција, Кипар и Малта.

За време работната недела учениците домаќини претставија нови игри кои преку различни активности се презентираа и играа со ученици од различна возраст и во неколку училишта во Даброва Бјалисток. Сите активности, дел од оваа мобилност беа реализирани во Аугустов и Даброва, Бјалисток.

Во раните утрински часови во неделата ние, учесниците од нашето училиште, од Меѓународниот аеродром Скопје полетавме за Виена, од каде пристигнавме во Варшава. Од главниот град на Полска со автобуски превоз се упативме кон Бјалисток.

15.04.2024 год. – Во раните утрински часови, околу 5 часот наутро, македонскиот тим пристигна во Даброва Бјалисток, каде и бевме сместени во апартманско сместување.

 Првиот работен ден од работната недела започна во 10:00 часот во Аугустов со свечен говор за добредојде од страна на директорот на училиштето „Никодем Сулик“ во Даброва Бјалисток, Полска, Јарослав Будник. Потоа, координаторот на проектот заедно со ученици од полското училиште ги презентираа нивното училиште, образовниот систем во нивната земја и запознавање со знаменитостите и историјата на нивната земја. Се разви и дебата во врска активностите, дел од оваа мобилност, како и презентирање на очекуваните резултати од втората мобилност. Следно, се прејде на Кахут квиз преку кој учесниците го покажаа своето знаење во врска училиштето домаќин, образовниот систем и позначајните знаменитости и личности на Полска на еден забавен начин. Подоцна беа спроведени и активности за подобро меѓуебно запознавање на учесниците. По ручекот се прејде на интегративните активности од вториот модул.

16.04.2024 год.- Вториот ден во рамки на првата активност за тој ден, се почна со подетална анализа на материјалите подготвени врз основа на интервјуа со постари лица, презентација на избран филмски материјал за игри и претстави, дискусија за 10 сценарија за традиционални игри и претстави, подготовка на разбирлив опис на правилата за водење и организирање игри и претстави. По паузата се прејде на проби и вежбање на традиционалните игри во претходно формирани мешовити групи, при што се водеше сметка во групите да има учесник од секоја земја. Секоја група доби можност да ја проба и увежба секоја од десетте игри, по што се отвори дискусија за подобрување на игрите и дефинирање на правилата на истите.

17.04.2024 год. – Третиот ден во Аугустов, најпрвин се продолжи со увежбувањето и подобрување на игрите во тимови и припремата за презентација и десиминација на игрите на ученици во училиштата во Даброва. По првата актвност во средата беше планирано еднодневно разгледување на градот Бјалисток, главен град и седиште на истоимениот округ. Градот е богат и изобилува со многу културни и историски споменитости. На ова патување учениците од нашето училиште имаа можност да научат нешто повеќе за Полската и Европската култура и историја.

18.04.2024 год. – Четвртиот ден активностите беа спроведени во Даброва, градот во кој е сместено училиштето – домаќин. Најпрвин го посетивме и разгледавме училиштето – домаќин. По што од страна на ученици од училиштето преку презентација, подетално бевме запознаени со активностите и структурата на училиштето. Потоа, се поделивме на три поголеми групи составени од по неколку тима, кои беа распределени во три различни училишта каде научените традиционални игри беа презентирани и играни со помлади ученици од училиштата. По паузата за ручек се упативме на разгледување на местото викано Мостот во Шушалево. Таму учесниците во проектот имаа можност да се запознаат со флората и фауната на областа Шушалево, која претставува големо мочуриште, преку прошетка по долга стаза која поминунва низ мочуриштето. Подоцна за учениците – учесници во проектот, во рамки на училиштето беше организирана свеченост – дискотека каде се дружеа и забавуваа.

19.04.2024 год. – Петтиот ден се одржа фестивалот на игри и активности во училиштето – домаќин. На истите се играа веќе увежбаните традиционални игри. Потоа, на учесниците им се даде можност да пробаат некои од активностите кои ги нуди училиштето во секојдневната пракса, како стрелаштво, баскетбол, фудбал, теретана. Како последна активнот за денот беше пловење со брод со традиционално уредување и дизјн по езерото Велика Даброва, од Аугустов.

20.04.2024 год. – согласно агендата се премина кон завршување на проектните активности, свечено доделување на сертификатите, евалуација преку сведовштва на учесниците во проектот на е-Твининг платформата, преку која исто така учениците пишуваа импресии во врска работната недела и каде пополнија формулар за евалуација. По завршетокот на активностите заедно со тимот од Грција се упативме кон Варшава, каде по кратко разгледување од научно-едукативен карактер на градот се упативме кон аеродромот.

21.04.2024 год. – во раните утрински часови од Варшава, преку Виена, пристигнавме на аеродромот во Скопје, од каде со организиран превоз се упативме кон Кратово.

Преку овие активности, покрај директните учесници во проектот, така и останатите учесници пред кои беа презентирани игрите од страна на меѓународните тимови беа повторно запознаени со дел од традиционалните игри кои се играа во минатото и за кои сите учесници покажаа голем интерес. Игри кои ќе ги отргнат учениците од новата генерација од малите екрани на мобилните уреди и ќе ги вратат на игрите кои гарантираат една поздрава и поквалитетна средина за раст и развој на младата индивидуа.

Следната мобилност од овој проект ќе биде од 6 до 13 октовмри, 2024 година во Кипар.

Коментари

Leave a Reply