0Shares

Известување за упис на првачиња за учебната 2024/2025 година

И З В Е С Т У В А Њ Е

Општинското основно училиште ООУ „Кочо Рацин“ Кратово врз основа на
член 59,60,61,62 од Законот за основно образование („Сл.весник на РСМ“ бр.161/19), ги
известува сите граѓани на општина Кратово дека ќе се врши запишување на деца во
задолжително прво одделение во учебната 2024/2025 година, почнувајќи од
07.05.2024 година.
Во задолжително прво одделение ќе се запишуваат деца кои до крајот на
календарската година ќе наполнат шест години поточно деца родени од 01.01.2018
година до 31.12.2018 година како и деца родени до 31.01.2019 година по претходно
Барање на родителот, а врз основа на претходно добиено Мислење од стручен
соработник педагог или психолог во училиштето.
За запишување на децата во прво одделение потребно е:

  •  Извод од матична книга на родени (оригинал или фотокопија заверена на
    нотар);
  •  Потврда за примени задолжителни вакцини за детето издадена од
    надлежна здравствена установа;
  •  Потврда за офтамолошки и стоматолошки преглед издадена од надлежна
    здравствена установа;
  •  Присуство на еден од родителите;

 При запишување на дете со попреченост во прво ооделение родителот
односно старателот е должен да достави мислење/функционален профил
од комисијата за проценка на деца и младинци за дополнителна
образовна, социјална и здраствена поддршка според МКФ.
Запишувањето ќе се врши во просториите на училиштето ООУ „Кочо Рацин“
Кратово (ул. „Михајло Апостолски“ бр.11), во текот на месец МАЈ, секој работен ден
од 08:00 до 14:00 часот.

Напоменуваме дека запишувањето ќе се врши според горенаведениот
законски рок – поточно до 31.05.2024 година.

Кратово ООУ „Кочо Рацин“ Кратово
18.04.2024

Комисија за запишување на деца во прво одделение:
Психолог: М-р Рада Зафирова
Педагог: Биљана Николовска
Дефектолог: Игор Стојановски

 

Коментари

Leave a Reply