Ученичката Јована Димитрова од VIIIб одделение учествуваше на националното дебатно првенство 2024 год. и освои високи поени две дебати 69,на две 68 и на една дебата 67 од вкупни 75 поени. На Jована и честитаме на освоените резултати и претставувањето на нашето училиште и посакуваме уште многу успеси понатаму.
Јована Димотрова:
Ова дебатно првенство се оддржува од страна на една организација наречена Младински образовен форум,односно МОФ. Ова е веќе 154-ти дебатен турнир кој го оддржуват, за сите овие 25 години постоење на истиот. Јас сум член во неа од декември,2023 година. Претставувам најмлад член на истата и со сигурност можам да кажам дека ова е една од најинтересните активности на која земам учество.
Ова Национално дебатно првенство беше на тезата “Овој Дом претпочита целосно генеративен модел на вештачка интелегенција како главен извор на вести наместо новинари”, во која јас бев во улога на втор говорник од нашиот тим од Кратово. Ми помогна да развивам критичко размислување,да создавам голем синџир на нови познанства и пријателства, секогаш да се служам со аргументативното докажување.
До секој млад член апелирам, да се вклучи во оваа прекрасна активност, и секако, да стане новиот МОФ-овец или МОФ-овка.