[fblike]

Денеска 05.06.2024 год. во Музеј на град Кратово се одржа едукативна работилница за копаничатство и копаничарска изложба на која што учествуваа ученици од ООУ „Кочо Рацин“ Кратово заедно со наставникот по Ликовно образование Даниел Тодоровски. Едукатори беа копаничарите од копаничарско здружение од Неготино кои ги запознаа учениците со материјалите и алатките за работа со резба, техники и историја на копаничарството, и техники на работа. Освен тоа учениците имаа можност практично да пробаат да работат на самото место, менторирани од едукаторите копаничари.

[fblike]

Напишете коментар