Секоја година, првата седмица од месец октомври се одбележува Детската недела, а првиот ден од Детската недела е Денот на детето.

Годинава во нашето училиште се организираа различни активности со цел да се одбележи Детската недела под мотото „Правата на детето – безбеден чекор кон среќно детство “.
Низ многубројни активности:  спортски активности , литературно читање на творби, ликовни изработки и изложба на цртежи се реализираа теми, содржини и креативни задачи поврзани со правата на децата како и посета на институции за учениците од II до V одделение.

Учениците научија, споделија и реализираа содржини кои заеднички ни помогнаа да ги анализираме и да го потенцираме значењето на правата на секое дете.
Децата се нашето најголемо богатство, гордост и нашата иднина. Сите деца имаа еднакви права и на сите треба да им се даде неопходната поддршка, и да им се
овозможат еднакви можности.
Одговорноста за децата е на целата заедница, на сите нас. Светот останува на децата и претставува предизвик да ги научиме да ги спознаат вистинските вредности на
животот и да им дадеме знаење и мудрост да истраат и да успеат во овој свет. Со тоа градиме култура на почитување на правата на децата и инвестираме во иднината на
општеството.

Во прилог погледнете ги галериите со фотографии и видеа од активностите:

Посета кај Градоначалникот и запознавање со локалната самоуправа

Театарска претстава

Литературно читање на тема Детската недела

Ликовни и останати работилници

Посета на институции

Спортски активности

Коментари

Leave a Reply