Во рамки на Еразмус+ проектот „Ајде да играме пак“, во периодот од 7 до 14 април, 2025 година, во партнерското училиште од Јерапетра, Грција, се одржа петтата мобилност на учесниците од овој проект.
Учесници беа осум (8) ученици од нашето училиште, наставничката Кристина Цонкинска и директорката Павлина Моневска, како и наставници и ученици од Полска, Литванија, Малта, Грција и Кипар.
Во продолжение е неделната програма.
7.4.2025 година- Во попладневните часови македонскиот тим пристигна на аеродромот во Солун, а потоа летавме до Ираклион, Крит. Во ноќните часови стигнавме во Јерапетра и се сместивме во хотел.
8.4. 2025 год.- Првиот ден од работната недела, по пристигнувањето во училиштето, имавме разглед на истото. По официјалното отпочнување на програмата со обраќањето на директорката и координаторот од училиштето во Грција, учениците- домаќини имаа опширна презентација за историјата и културата на градот Јерапетра и островот Крит. Потоа следуваше Кахут квиз на истата тема. По кратката пауза, ги погледавме видеата со традиционалните игри кои ги имаа подготвено учениците од Грција. Следуваа интересни активности за подобро запознавање на учесниците.
Во вечерните часоци имавме разглед на Јерапетра и средба со градоначалникот на градот.
8.4.2025 год.- Вториот ден, активностите ни беа во училиштето, каде што учениците-гости беа поделени во 10 групи, и на секоја група им беа презентирани традиционалните грчки игри од страна на учениците од Грција. Учениците од другите земји имаа за задача да ги научат правилата на овие игри.
Потоа имавме заеднички ручек.
9.4.2025 год.- Третиот ден учениците имаа за задача да учат помлади ученици од основно училиште од Јерапетра, да ги играат традиционалните игри.
10.4. 2025 год.- Четвртиот ден учениците беа поделени во три групи. Една група правеа змејови, друга група правеа стара игра која ја изработија од глина и третата група зборуваа за интерперсонални односи и како да бидеме внимателни во односите со другите.
После паузата, со автобус се упативме кон живописното село Анатоли, каде го посетивме локалниот музеј со стари фотографии од жителите во местото. Потоа го посетивме и крајбрежното село Миртос, па се вративме во Јерапетра.
11.4.2025 год.- Петтиот ден имавме екскурзија до главниот град на Крит, Ираклион. Првин го посетивме античкиот град Кносос, кој бил престолнина на кралот Минос, а потоа имавме разглед на Ираклион.
12.4.2025 год. -Учениците беа поделени во групи и посетија грчки семејства каде имаа традиционален ручек.
Во вечерните часови имавме завршна церемонија, на која беа доделени сертификатите за учество.
13.4.2025 год. -Во попладневните часови се упативме кон аеродромот во Ираклион, а во Македонија се вративме во раните утрински часови.
Одговорен наставник:
Кристина Цонкинска