0Shares

Во рамките на проектот „Безбедни училишта“, осум ученици од нашето училиште под менторство на наставник Габриела Николовска учествуваа во Интеркултурална размена во детското село песталоци во Троген, Швајцарија во период од 12.03.2025 год. – 26.03.2025 год.

Учениците поминаа 15 незаборавни денови во Детското село исполнети со активности и работилници, запознавање на нови пријателства и екскурзии во кои ги посетија градовите Женева, Цирих и ги разгледаа убавините на Швајцарија.

По враќањето предизвикот на овие ученици беше да ги запознаатсвоите другарчиња со училиштето со дел од програмата која беше реализирана во Швајцарија. За таа цел овие осум ученици одржаа две работилници со наслов „Тимска работа“ и „Детски права“, од кои изработија два ѕидни весници кои ќе бидат испратени во Детското село во Швајцарија.

Коментари