Во 2014 година, Здружението на пчелари на Словенија ја започна иницијативата 20 мај да биде прогласен за Светски ден на
пчелата. Иницијативата беше поддржана од словенечката Влада, која настојуваше да ја реализира.
На 17 ноември 2017 година, по повеќе од три години напор, Економскиот и финансиски
комитет на ОН усвои резолуција за прогласување на Светскиот ден на пчелата. На 20 декември 2017 година, резолуцијата беше едногласно одобрена од Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, со што 20 мај беше прогласен за Светски ден на пчелата.
Целта на Светскиот ден на пчелата е да се подигне свеста кај светската јавност за важноста и заштитата на пчелите и другите опрашувачи.
Секоја година по повод Светскиот ден на пчелите, во Словенија и ширум светот се одржуваат бројни конференции, прослави
и други настани со кои се подига јавната свест за важноста од зачувување на пчелите, опрашувачите и биолошката разновидност. Воедно, ваквите прослави се и можност за промоција на пчеларите, пчелните производи, пчеларското културно наследство и пчеларството воопшто.
По тој повод, оваа година амбасадата во соработка со АДРА Македонија. има подготвено тематски
образовно-културен (образовно-интерактивен) квиз наменет за основношколци.
Квизот е на 2 јазици (македонски и албански јазик) и е составен од неколку прашања, кои треба да бидат одговорени.
На крај односно на ден 19.05.2025 по случаен избор, ќе бидат доделени и награди-велосипеди за 3 ученици кои правилно ги одговориле прашањата.
Амбасадата на Словенија те поканува на забавна и едукативна
онлајн игра „Во светот на пчелите“! Наменета за ученици од 5то до 9то
одделение.
Реши 1 од 3 квиза и внеси е-мејл за шанса да освоиш награда!
Научи зошто пчелите се важни за
природата и нашиот живот.
Линк: https://denotnapcelite.mk/