6Shares

Во текот на два училишни часа, дел од учениците од VI до VIII одделение учествуваа во заедничка работилница на тема „Секој ученик има глас“, чија цел беше да ги поттикне младите да размислуваат критички и проактивно за важни теми како што се насилството, почитта и меѓусебната поддршка во училишната заедница.

Активноста започна со воведна дискусија, каде што учениците размислуваа и разговараа на прашања како:

  • Како можеме да помогнеме во создавање на безбедно училиште за сите?
  • Што значи да имате глас кога се случува насилство?

Потоа, учениците беа поделени во мешани групи и секоја група работеше на изработка на Акциски план, користејќи однапред подготвен шаблон со водечки прашања. Нивната задача беше да осмислат реални, конкретни и корисни идеи кои би придонеле за подобрување на меѓусебните односи и за спречување на разни форми на насилство во училиштето.

 

Некои од најкреативните предлози што произлегоа од работата на учениците беа:

  • Изработка на постери со позитивни пораки и нивно поставување низ училиштето
  • Организирање на „Пријателски агол“ – катче за дружење и поддршка
  • Кратки презентации и дискусии на час по одделенска заедница
  • Поставување кутија за пораки

На крајот од активноста, секоја група го презентираше својот акциски план пред останатите, а дел од идеите беа избрани за понатамошна реализација во соработка со стручната служба и наставниците.

Оваа активност е дел од поширокиот напор на училиштето за унапредување на ученичкото учество и градење позитивна и безбедна училишна клима, каде гласот на секој ученик е слушнат и вреднуван.

Честитки до сите ученици за нивната креативност, зрелост и посветеност!
Заедно, чекор по чекор, создаваме училиште какво што сите заслужуваме!

Активноста е дел од проектот „Промоција на безбедна училишна средина“, а реализирана под менторство на наставниците Мирјана Манева-Арсовска и Љупчо Лазаровски.

Коментари