0Shares

Во рамките на проектот „Безбедна училишна средина“, во нашето училиште беше реализирана креативна и едукативна активност на тема „Моите права и обврски како ученик“, под менторство на наставниците Мирјана Манева-Арсовска и Љупчо Лазаровски.

Дел од учениците од IV и VIII одделение активно се вклучија во изработка на информативни хамери, преку кои ги истражуваа и претставуваа своите основни права, според Конвенцијата за правата на детето, но и обврските кои произлегуваат од нив. Целта на активноста беше да се подигне свеста кај учениците за значењето на почитувањето на правата – не само како привилегии, туку и како одговорности што треба да се практикуваат секојдневно.

Работата се одвиваше во мали групи, каде што учениците ги разгледуваа различните аспекти на ученичките права: образование, изразување, еднаквост, заштита од насилство, приватност, како и нивните соодветни обврски – почитување, толеранција, учество и одговорност.

Хамерите беа изложени во училишниот хол, а активноста заврши со кратка презентација на секоја група, каде учениците го објаснуваа своето дело, користејќи примери од секојдневието.

Оваа активност е уште еден чекор во градењето на позитивна, безбедна и вклучувачка училишна клима, каде што секој ученик се чувствува почитуван, сослушан и одговорен член на заедницата.

Коментари