0Shares

Учениците од ООУ,,Кочо Рацин” Кратово, по повод 24 Мај-Денот на сесловенските просветители во рамките на наставните содржини по предметот македонски јазик и литература имаа низа активности – твореа и истражуваа за значењето на Кирил и Методиј. Преку своите текстови тие го истакнаа значењето на словенските просветители, кои во IX век ја создале првата словенска азбука- глаголицата, направена врз база на македонските говори. Врз основа на глаголицата, од страна на нивните ученици, е направена кирилицата која денес претставува официјално писмо.Освен азбуката,браќата Кирил и Методиј ни ја оставија и писменоста и духовноста. На нас останува да го почитуваме и негуваме нивното наследство.

Нека ни е честит и вековит 24 Мај , Денот на Св.Кирил и Методиј !

Коментари