0Shares

Ниту пролетниот дожд не нè спречи да ја изразиме нашата поддршка и нашето училиште со наши ученици се приклучи на хуманитарната трка организирана од Europe House Kriva Palanka .

Оваа трка беше организирана од страна на Европската куќа во Крива Паланка, а беше оддржана на 25ти Мај на манастирот Св. Јоаким Осоговски. Целта на овој настан беше покажувањето на солидарност, сплотеност и хуманост за настраданите и починатите од Кочани, со слоганот “Сите за Кочани!”

Ученичката Јована Димитровска од 9-то одделение од нашето училиште се закити со медал и освои прво место. Благодарност до Јована и на сите учесници за хуманоста и истрајноста, како и за промоција на нашето училиште во најдобро светло.

Јована:

Навистина ми беше огромна чест и безусловно задоволство што бев дел од оваа трка и успеав да ги соборам своите лични рекорди, но и да го зголемам бројот на своите успеси коишто се надевам дека ќе ме следат секогаш. Нека првото место и златниот медал донесен во Кратово бидат понатамошен мотив за сите и знак дека во нашиот град сè уште постојат луѓе коишто секогаш се расположени за рекреација и спорт во паралела со хуманоста којашто ја поседуваме.

Коментари