Во рамки на Еразмус+ проектот „Ајде да играме пак“, во периодот од 04 до 09 мај, 2025 година, во партнерското училиште од Шалчининкаи, Литванија, се одржа шестата, а воедно и последна мобилност на учесниците од овој проект.
Учесници беа осум (8) ученици од нашето училиште, јас, како наставникот-ментор и директорката Павлина Моневска, како и наставници и ученици од Полска, Литванија, Малта, Грција и Кипар.
Во продолжение е неделната програма.
03.05.2025 година- Во попладневните часови македонскиот тим пристигна на аеродромот во Варшава, а потоа летавме до Вилнус. Во ноќните часови стигнавме во Шалчининкаи и се сместивме во училишниот интернат.
04.05. 2025 год.- Првиот ден од работната недела, започна со официјално обраќање на директорката и координаторот од училиштето во Шалчининкаи, по што беа претставени учесниците од сите партнерски училишта. Имавме разглед на училиштето и запознавање со начинот на кој се реализира наставата. Потоа проследивме презентации за Литванија од страна на ученици од училиштето, по што следуваше Кахут квиз за културата и традицијата на Литванија. После паузата, ги погледавме видеата со традиционалните игри кои ги имаа подготвено учениците од Литванија. Следуваа активности за подобро запознавање на учесниците.
05.05.2025 год.- Вториот ден, учениците во интернационални групи ги учеа правилата на литванските традиционални игри. Во попладневните часови имавме посета на замокот Норвилишкес а учесниците дознаа повеќе за историјата на местото.
06.05.2025 год.- Третиот ден учениците продолжија да ги играат игрите и да ги учат правилата на сите десет игри. После паузата тргнавме кон главниот град Вилнус, каде имавме разглед на стариот дел од градот со туристички водич, кој на јасен и концизен начин ни ја претстави историјата на градот и најзначајните културно-историски знаменитости.
07.05.2025 год.- Четвртиот ден учесниците ги учеа помладите ученици од литванското училиште како да ги играат традиционалните игри.
После ручекот, се упативме кон местото Друскининкаи, кое е познато по изворите со минерална вода.
08.05.2025 год.- Петтиот ден следевме настап на локален фолклорен ансамбл.
Во вечерните часови имавме завршен настан на кој се играа традициолни ора и танци.
09.05.2025 год. -Учесниците споделуваа видеа, фотографии, искуства и впечатоци од неделата. Пополнувавме формулар за евалуација на неделата. Беа доделени сертификати за учество. Го посетивме и градот Тракај, кој е познат по својот антички замок Тракај а со тоа е и една од најпосетуваните дестинации во Литванија.
10.05.2025 год. -Во утринските часови се упативме кон аеродромот во Вилнус, а во Македонија се вративме во вечерните часови.
Преку овие активности сите учесници ги прошираа своите знаења и го подобрија нивниот англиски јазик. Колегите наставници разменуваме искуства и идеи за идна соработка. Еден финален продукт од овој проект кој допрва ќе се подготвува ќе биде прирачник со традиционални игри од шесте партнерски земји, кој ќе биде отворен ресурс за секој што ќе сака да го користи.
