Во нашето училиште успешно се реализира дебатна активност како дел од проектот ,,Промоција на безбедна училишна средина” а истовремено и иницијатива на наша ученичка од IX одделение Јована Димитрова .
Активноста беше подготвена преку неколку претходни часови, каде група ученици од страна на ученичката Јована Димитрова имаа можност да се запознаат со основите на дебатирањето, аргументацијата и јавниот настап.
Во самата дебата учествуваа ученици кои со ентузијазам, подготвеност и критичко размислување дискутираа на тема: “Дали училишните униформи ни се потребни”, покажувајќи зрелост, почит кон различни мислења и способност за јасно изразување на сопствени ставови. Оваа иницијатива покажа колку младите можат да придонесат кон култура на дијалог и отворено мислење во училиштето.
Благодарност до сите ученици кои учествуваа и голема благодарност до ученичката Јована Димитрова која со својата иницијатива и труд ја направи оваа активност успешна.
