0Shares

Како дел од Програмата за ученички екскурзии во учебната 2024/25 година е и Наставата во природа за петто одделение. Оваа година Настава во придора за петто одделение се реализира во Струга во хотелот Галеб, од 19-23.5.2025 година. Одговорни наставници беа Марина Захариевска и Тошо Петков, а учество земаа 38 ученици од нашето училиште.

За време реализацијата на Наставата во природа беа опфатени и обработени и планираните теми за петто одделение.

Покрај предвидените активности, како дел од Наставата во природа беа предвидени и посети на места и знаменитости каректиристични за западниот дел од државата со цел учениците да ги прошират своите знаења, но и да ги применат веќе стекнатите знаења и вештини.

Ден 1

  • местото од каде што извира реката Вардар – изворот Вруток.
  • националниот парк Маврово и Мавровското Езеро
  • манастирот Св. Јован Бигорски.
  • женскиот манастир Св. Ѓорги Победоносец во селото Рајчица
  • Дебарското Езеро, односно ХЕЦ Шпиље
  • вештачкото езеро Глобочица на патот Дебар – Струга

Ден 2

  • Вевчанските извори
  • учениците писмено ги изразуваа своите импресии од местата кои ги посетија, како и најважните податоци во врска со нив, како што се нивната местоположба, нивното значење, надморска висина, основни историски податоци и слично
  • спортски, музички и ликовни активности,
  • слободни активности организирани во хотелот.

Ден 3

  • учениците обработуваа содржини од Македонски јазик и Ликовно образование
  • разгледувањето на Струга, струшкото шеталиште, реката Црн Дрим и местото каде реката се одлива од Охридското Езеро

Ден 4

  • посета на градот Охрид (Самоиловата тврдина, Плаошник, црквата Свети Јован Богослов Канео, комплексот Старата чаршија, Свети Софија)
  • Биљанините извори
  • забавни друштвени активности.

Ден 5

  • природно-научниот музеј НУ Музеј „д-р Никола Незлобински“
  • спомен-куќата на браќа Миладиновци
  • струшкото шеталиште на разглед и слободни активности на учениците
Коментари