24Shares

Во јуни, во училиштето во с.Секулица се одржаа две креативни работилници. Рамона Мирс, волонтерка на Мировен Kорпус, ги организираше работилниците, потпомогната од Јордана Божинова и наставничките Ивана Петковска и Слаѓана Донева. Првиот ден, децата се забавуваа работејќи со монистра за изработка на накит. Вториот ден, децата изработуваа глинени предмети. Потоа, некои деца учеа оригами, додека други сликаа или играа бинго. За време на работилниците беа обезбедени свежо овошје, колачиња и пијалоци. Учениците добија и ливчиња со активност „Лов на богатство во природата“, што можат да си ја направат во нивното слободно време.

Коментари