Во екот на ЗЛАТНИ ДЕНОВИ 2025 ГОДИНА во Кратово клубот „НАДЕЖ„ во соработка со Домот на културата „Лазар Софијанов„ одржа литературна средба на литературни автори од Кратово, Скопје, Пробиштип, Куманово, Кочани и други градови од Македонија и со посебна беседа за опусот и творештвото на познатиот кратовски поет ЧЕДО ЈАКИМОВСКИ.
Бладодарност до литературниот клуб кој го покани и нашето училиште ООУ “Кочо Рацин” -Кратово да биде дел од ова поетско дружење на кое двајца наши ученици Јована Димитрова и Лука Тоневски беа дел од манифестацијата и се претставија со свои лични творби.
Коментари


