0Shares

Летниот клуб за шиење во Секулица беше забавна активност за неколку деца во селото ова лето. 5-те члена на клубот научија некои основни вештини за шиење, јадеа здрави закуски и уживаа во времето поминато заедно. Тие направија стегачи, торби за пазарење, торби со врвки  и подметачи.  Некои деца дури изработија и здолништа и фустани! Клубот беше организиран од волонтерката на Мировниот корпус Рамона Мирз, со помош од Јордана Божинова, Наум Досев и Деспина Досева. На последниот ден од клубот, децата добија сертификати и прославија со подароци и неколку игри. Благодарност до сите што помогнаа Клубот за шиење да биде забавно искуство за учење!

Коментари