0Shares

Денеска во просториите на ООУ „Кочо Рацин” Кратово беше потпишан договор и меморандум за отварање на Центар за роботика за учениците од нашето училиште.

Со поддршка од Академијата за роботика и иновации, и општествено одговорна компанија беше донирано сет за роботика „ LEGO Education SPIKE Prime“, вклучувајќи и обука за двајца наставници ментори и учество во претстојната натпреварувачка сезона.

Нашите ученици добиваат уште една можност за напредување и развивање на креативноста и компјутерските и STEM способности и вештини кои се важни креирање на иновативно општество и јакнење на економијата. Ги подобруваме условите за нашите ученици.

Коментари